ФОТО: Бркотница во Велес - полииската Шкода заврши превртена во канал

Вчера наутро околу 3 часот после полноќ, на ул. Индустриска покрај касарната во Велес се случи несекојдневна сообраќајна незгода, пишува БрзКруг.

Според очевидци, возачот најверојатно во алкохолизирана состојба не ја испочитувал СТОП палката на сообраќајната патрола и се дал во бегство со уште неколку пријатели во автомобилот. Полициската патрола се пуштила во потера по автомобилот, која после кратка брканица успеала да ги стигне, но сигурно не на начин на кој би посакувале. Поради лизгавиот коловоз на остриот свиок излетува автомобилот Fiat Punto, но и полицискиот автомобил Skoda Yeti при што тука завршува брканицата со превртување во каналот, а возачот на автомобилот е приведен.

За среќа, нема повредени, ниту во цивилниот, ниту во полицискиот автомобил. Инаку тој свиок е незгоден и познат и ие  дел на доста фреквентна улица во Велес, каде излетуваат барем по минимум 15-20 автомобили годишно. Како што викаат полицајците: „Бегајте момци, ама да не ве фатиме“, а во оваа ситуација, возачот на автомобилот ќе превземе поголема одговорност бидејќи не успеал да избега

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега