Ако не сте добиле К15 пријавете го работодавецот

Компании од текстилната индустрија, градежништвото, фирми за обезбедување не го исплатиле задолжителниот К-15, обвинија од Сојузот на синдикати. Меѓу прекршителите на законот има и брокерски куќи и неколку медиуми. Лоцирана е  одговорност кај 70 фирми.

„ССМ ги достави претставките до државниот инспекторат со кого се договориме да имаме засилени контроли во компаниите. Се надеваме дека во заедничка активност со Министерството за труд и социјална политика ќе успееме да дојдеме до 100-процентна исплата на регресот на годишен одмор. Во 90 проценти е почитувана законската обврска“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Ако се потврди дека работодавачот ги принудувал вработените да ги вратат парите исплатени за К-15 ќе заработи кривична пријава, а доколку воопшто не ги исплатил следува тужба. 

Анализите на ССМ покажале дека работниците имаат проблеми во однос на користењето годишни одмори, до економско- социјалниот совет ќе предложат вториот дел од одморот да се користи во неколку делови. 

Економската криза изминува, сметаат во ССМ. А тоа создава услови за воспоставување постабилен работен однос во земјава. Крајна цел на Синдикатот е во иднина работниот однос во државата да биде претежно на неопределено време.  

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега