Колку пари ќе оставиме викендов во Солун

Шопинг манијата во Солун овој викенд го доби својот официјален почеток. Неколку десетици илјади граѓани од вчера веќе ги празнат бутиците во Космос и ги полнат количките во Икеа. Статистиките од граничните служби доппрва ќе се сумираат, но од таму потврдуваат дека бележат значително поголем број на патници кои се пријавуваат за излез од Македонија на премините со соседна Грција. Најголема гужва има на Богороица, но зголемена фрекфенција се регистрира и на останатите премини. 
Проценките се дека само овој продожлжен викенд во Солун Македонците ќе потрошат над половина милион евра. Треба да се има предвид дека сезоната на попусти е на самиот почеток, па од туристичките агенции најавуваат дека шопинг треската продолжува и во наредните викенди.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега