Јосиповиќ со почит ќе и ја предаде функцијата на Колинда

Иво Јосиповиќ, хрватскиот претседател на заминување со почит и желба за напредок ќе и ги предаде надлежностите на новоизбраната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

- Тоа е мојата приоритетна задача и во кабинетот на претседателот го правиме токму тоа, ја подготвуваме целата документација и информација, а јас си ги пакувам книгите. Преодниот период следниот месец треба да биде апсолутно успешен за да може новоизбраниот претседател Колинда Грабар Китаровиќ да го почне својот мандат, истакна Јосиповиќ.

На прашањто дали ќе ја продолжи политичката кариера и дали има некакви амбиции во Социјалдемократската партија, тој изјави дека не размислувал на таа тема.

Јоспиповиќ нагласи дека прво ќе се врати во Загрепската правна академија. 

- Да ги оставиме сите останати прашања за 19 февруари, кога ќе биде церемонијата на инаугурација на Колинда Грабар Китаровиќ како претседател, додаде тој.

Јосиповиќ одби да ги коментира сомнежите во врска со победата на Китаровиќ, изнесени од член на неговиот предизборен штаб, напоменувајќи дека кажал се што требало да каже на денот на изборите. 

- Ги изразив своите честитки. Сосема е јасно кој победи на изборите и сите останати шпекулации се погрешни, рече Јосиповиќ.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега