ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да каже каков приход остварува од неговиот стан

ВМРО-ДПМНЕ бара портпаролот на СДСМ Петре Шилегов да каже дали е точно дека во неговиот стан на бул. „Кузман Јосифоски Питу“19/5-4 од 87 метри квадратни во Скопје има пријавено и функционираат 4 фирми.  

- Од овие 4 фирми, две се во сопственост на Петре Шилегов, адвокатско друштво Шилегов и партнери и Нов осигурителен брокер АД Скопје, но многу позначајно е што две од фирмите не се во негова сопственост, Блек Стоун Холдинг ДОЕЛ и Урбан Солутионс ДОЕЛ. Покрај тоа што Шилегов во Државната комисија за спречување корупција лажно пријавил приход од 700 евра, тој замислете дрско не пријавил ниту дека овие две фирми кои не се во негова сопственост функционираат во неговиот стан за што треба да му плаќаат закупнина. Овој приход Шилегов и вакви договори нема пријавено во Антикурупциска комисија, рече на прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски  праша дали Шилегов има склучено договор за закупнина со некоја од фирмите кои функционираат во неговиот стан и ако има зошто тој не е пријавен. - Дали г-не Шилегов ги имате пријавено средствата кои евентуално ги примате на име кирии, за што имате законска обрска, и колкави се тие кирии? Г-не Шилегов не одговоривте како остварувате месечен приход од 700 евра на име закупнина од имот кој не постои, но мора да одговорите каков приход остварувате од станот во ваша сопственост, наведе пратеникот Стојкоски.  

Петре Шилегов, посочи Стојкоски, очигледно е поврзан со голем број скандали. Прво се откри дека добива 700 евра месечно од непостоечки имот и од неидентификуван извор, а сега второ, гледаме дека во неговиот стан има пријавено 4 фирми, од кои две не се во негова сопственост, за кои нема пријавено никаква закупнина, рече Стојкоски.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега