ВНИМАВАЈТЕ: Магла на патиштата низ Македонија

- Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На цела територија на Македонија се бележат слаби врнежи од дожд. 

Поради појава на магла, намалена видливост од 30 до 50 метри има во Крива Паланка, Ресен, на патниот правец Велес - Катланово и на планинскиот премин Стража. 

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега