ФОТО: Светиот крст во рацете на Цветан Мицковски од охридско

Цветан Мицковски од село Белчишта го фати крстот во Охридско Езеро.

Меѓу пријавените, тој денес беше најсреќниот верник. Цветан цели 20 години скока по  крстот на денешен ден Водици. Оваа 2015-та за него беше најсреќна кога успеа да го фати Светиот крст.

Во Охрид се присутни десетици илјади верници и гости кои го одбележуваат денешниот голем православен празник Богојавление-Водици.

Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод Водици, се одржа на градското пристаниште со почеток во 10 часот.

Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, беше фрлен од пристаништето „кај колцето“.

 

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:21
Фото: 
СИТЕЛ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега