Премиерот Груевски на средба со менаџментот на Viber

 Вајбер заинтересиран да ја поврзе Македонија со своите партнери. Топ менаџментот на компанијата денеска престојува во Македонија. Попладнево остварија средба со прмеиерот Груевски. На средбата присустувале основачот и извршен директор на компанијата Талмон Марко и директорот за технолошки развој на Вајбер, Игал Магазник. Груевски остварил средба и со Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија Ракутен.

Во соопштението од кабинетот на прмеиерот стои дека било разговарано на повеќе теми од сферата на информатичките технологии. Груевски истакнал дека од 2006 интернет пенетрацијата во земјава се зголеми од скрони 9 на 70%.

Ова се должи на бројните прокети реализирани во ИТ секторот – како што се компјутер за секое дете со што се подобрија информатичко-технолошките вештини на учениците. Потоа бесплатните обуки за секој кој сака да користи компјутер што ја подигна инфроматичката писменост и ја зголеми компетитивноста на работната сила. Груевски посочил дека државата постојано вложува и факултетите за инфоматички технологии.

Менаџерите на Вајбер и Ракутен сметаат дека овие мерки се солидна основа за развој и се отворени за соработка. Од Вајбер велат дека го следат напредокот на државата во сферата на информатичките технологии и заинтересирани се за разгледување на различни можности за конкретна соработка, а понудиле и поддршка за поврзување на земјава со останатите  глобални компании кои  нивни партнери, а се заинтересирани за проширување на своите капацитети на нови пазари.

Вајбер почна со работа во 2010 година како конкуренција на Скајп, овозможува бесплатни СМС пораки и повици и има над 360 милиони корисници во 193 земји во светот.

Ракутен е гигат во он лајн трговијата, најголема компанија од овој тип во јапонија и меѓу најголемите во светот. Пред една година за 900 милиони долари го купи Вајбер.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега