Карамбол на скопските улици: Повредени 28 лица

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 37 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 16 јануари, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од нив четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Во сабота, на 17 јануари, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Во недела, на 18 јануари, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во понеделник, на 19 јануари, извршен е увид на вкупно на 11 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега