Заврши распустот: Учениците се враќаат во училишните клупи

Околу 280.000 основци и средношколци денеска се враќаат во училишните клупи по тринеделниот зимски распут.

Второто полугодие почнува со најава од Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) за штрајк. Сепак, како што се изјаснија членови на СОНК и надлежните во повеќе општини низ Македонија, штрајк ќе нема и второто полугодие од учебната 2014/2015 година во нивните основни и средни училишта ќе почне без одложување.

Тие ги повикаа учениците денеска да дојдат на училиште затоа што наставата ќе се одвива без никакви пречки, а родителите да ги донесат децата во градинките, бидејќи и тие нормално ќе функционираат.

За најавите на СОНК дека неговите членови ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи, надлежните соопштија дека за наставниците кои сакаат да штрајкуваат ќе бидат обезбедени замени, а за тоа време нема да примаат плата. Доколку учениците губат од наставата поради штрајк, наставата ќе треба да се одржи или во саботите или пак ќе се продолжи учебната година. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега