Над 1.000 граѓани минатата недела побарале медицински совет на „Ало докторе“

 

Вкупно 1.115 граѓани се јавиле на телефонскиот број „Ало докторе“ изминатата седмица за да побараат медицински совет. Јавувањата најчесто биле за респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура и симптомна болка. 

На граѓаните кои се јавиле им е даден соодветен медицински совет, а тројца поради здравствената состојба се препратени на Службата за итна медицинска помош.

Од отворањето на телефонската линија 02/15-123 досега медицинска помош побарале 18.138 граѓани. Во Кол центарот од 18 до 22 часот наизменично работат 22 доктори од јавните здравствени установи. 

Денеска во Кол центарот е дежурна докторка Билјана Илиевска Поповска, директорка на Институтот за ТБЦ, а утре докторка Тања Спировска, директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Задутре медицински совети ќе дава проф.др Антони Новотни од Клиниката за психијатрија, а на 23 јануари докторка Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија. Во сабота дежурна е докторка Марија Хаџи Лега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, а во недела доктор Илијаз Исмаили од Клиниката за очни болести. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:17
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега