Србија во тага: Почина млада девојка, момче се бори за живот

Томислав Петровиќ (48) возејќи со 120 километри на час ги прегазил 25-годишната Јована Лекин и 34-годишниот Милорад.

 

За жал, животот на несреќната девојка згасна, додека нејзиното момче се бори за живот.

 

Како што пренесува српскиот Курир, во крвта му биле измерени 1,7 промили алкохол, во моментот на страшната несреќа.

Младата девојка била најдена како лежи на патот, додека лекарите прават се да го спасат животот на Милорад.

Страшната несреќа се случила во петокот околу 22 часот. 

 

- Излегов да испушам цигара и ги видов Јована и Милорад како се шетаат. Одеднаш автомобил со огромна брзина налета на нив и ги прегази, вели сведок.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега