Две експлозии во Загреб - оштетени неколку објекти и автомобили

Денеска рано изутрина и доцна синоќа две експлозии го стресоа Загреб.

Првата експлозија се случила околу три часот по полноќ, кога експлодирала бомба меѓу два автомобила, а втората експлозија се случила на улица близу улицата каде се случила претходната експлозија.

Оштетени се четири возила и фасадите на соседните куќи.

За среќа нема повредени.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

најчитано сега