Македонските филмови примени со воодушевување во Лондон - Манчевски одржа предавање

Режисерот Милчо Манчевски одржа предавање во реномираната британска филмска академија „Лондон филм скул“ во Ковент Гарден во Лондон. 
 
На покана од академијата и од катедрата за сценарио, Манчевски одржа предавање на тема „Сценарист или режисер: Уметност – подобрување на вистината?“.  Предавањето и разговорот со студентите се однесуваа на темата на преточување на пишаната форма (сценарио) во визуелна форма (филм), видено низ призма на опусот на Манчевски.
 
Претходно за студентите беа прикажани филмовите на Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, како и неговата работа на американската тв серија The Wire (Жица) снимена за каналот HBO (Ејч-Би-О).  
 
 
 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега