Најсреќниот момент се претворил во трагедија: “Планиравме свадба - страшната несреќа уништи се“

Неутешно е семејството на младиот Никола Бене (32), од Будровци кај Карловац кој почина во болница по страшната сообраќајна несреќа  која се случи во саботата на загребската Љубљанска авенија. На неговиот автомобил „шкода“ налетал камион при што се случи  несреќата. Никола бил префрлен во болница  каде што им подлегнал н а повредите, пишува 24сата.хр.

- За несреќата не знаевме до 17 часот кога неговите колеги го препознаа неговиот автомобил и ни јавија за несреќата. Дознавме дека е тешко повреден и веднаш се упативме во болница. За жал, подоцна вечерта лекарот ни јави дека Никола почина. Беше полн со живот, вреден, вљубеник во спортот, секому при рака кога ќе му затреба помош, имаше планови, а сега се` прекина, вели таткото на Никола кој додава и дека се спремале за најсреќниот момент во неговиот живот.

Никола бил вреден млад човек. Само што го започнал животот, а оваа година требало да се венча со својата девојка Сања со која бил во тригодишна врска: - Планиравме свадба. Го уредувавме поткровјето за нашиот заеднички живот, а сега се` е прекинато. Никола беше најдобриот човек кого го познавав. Беше спортски тип, се занимаваше со бициклизам, пливање, скиење, само што се вративме од скиење. Но, во сообраќајот често беше магнет за несреќи. Имаше повеќе мали несреќи. И неколку дена пред оваа несреќа на семафор некој се заби во неговиот заден браник, вели Сања вереницата на Никола.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега