ЕБРД: Економијата на Македонија со раст од 3,5 проценти во 2015

Според извештајот на ЕБРД, тоа е резултат на силните извозни перформанси и порастот на личната потрошувачка во земјата.

Во последниот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Македонија во 2015-та година се предвидува дека ќе постигне раст на БДП од 3,5 проценти што е за половина процент повеќе од прогнозите на Банката дадени во септември, минатата година.

Растот на Македонската економија во 2014-та година ќе достигне близу 4 проценти (3,8%) и е најголем меѓу земјите од Југоисточна Европа, се посочува во извештајот и се нагласува дека ваквата состојба е резултат на силните извозни перформанси и порастот на личната потрошувачка во земјата.

Со овие проценки за растот на БДП на Македонија, ЕБРД практично ги промени проценките дадени во септември, лани, според кои се очекуваше раст на економијата од 3 проценти.  

Аналитичарите на ЕБРД оценуваат дека 2014-та била тешка година. Земјите од ЈИЕ забележале просечен раст на економиите од 1,7 проценти. Во однос на оваа година се наведува дека поголемиот број земји можат да се надеваат на скромни придобивки од драматичниот пад на цената на нафтата и на просечен раст од 2,2 проценти.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега