Почнува 15. саем на книга на Клуб Матица

„Традиција 2000-2015“ е слоган под кој од денеска до 31 јануари ќе се одржува 15-тиот саем на Клуб Матица. Како и во изминатите, и за оваа година Матица најави попусти на изданијата од 10 до 80 отсто зашто цел и мото на саемот секоја година е „Книга во секој дом“. 

Матица ќе промовира иницијатива за празнување Ден на македонската книга, кој би се одбележувал на 23 мај, ден пред Денот на македонската писменост. Оваа година и саемот е фокусиран на македонските автори и дела.

- „Книга во секој дом на Булеварот на книгите“ - овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга, соопшти Клуб Матица. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега