Панчевски: Судската власт е под притисок, кој да ги заштити судиите кои се нападнати?

Претседателот на Основниот Суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски вели дека во реакциите од медиумските асоцијации има притисок врз судската власт.

Панчевски во емисијата „360 степени“ која се емитува на Алсат М, објаснува дека Судот постапувал според законските обврски, а начинот на дејствување со навреди и повици за јавен линч кон претставници на судската власт покажувал дека некои сакале да се слушне само “нивната вистина“.

-Ваквиот начин на дејствување со навреди и повикување на јавен линч за претставници на судската власт и јавен протест против судска власт покажува дека сакате да ја слушнете само вашата вистина. И судиите се Шарли, во изминатиот период беа каменувани им беа упатувани закани им беа палени возила сега јавно се повикува на протест против судот и судиите. Се запрашал ли некој кој да ги заштити тие луѓе кога во извршувањето на својата професија сериозно се нападнати, а треба да судат некој насилник или што нападнал и претепал новинар при извршување на својата новинарска професија, или терорист што одземал повеке невини животи, вели Панчевски. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега