Влошена здравствената состојба на бебето поради кое цела Босна се крена на нозе

Здравствената состојба на малото бебе поради кое цела Босна се крена на нозе да протестира бидејќи бебето не може да се лечи во странство поради тоа што нема единствен матичен број е влошена, пренесе Телеграф.

- Здравствената состојба на мојата ќеркичка е влошена, вели таткото. 

- Потребно ми е да добијам и потврда за дијагнозата на моето дете за да може да започне постапката за лечење во странство. Без тоа постои можност некој да каже дека парите не ги собирам за мојата ќеркичка туку дека станува збор за лага и ќе ги искористам за други цели, вели таткото.

Исто така, тој истакнал и дека особено му е драго што едно бебе усшеало да го обедини народот кој одамна политичарите во БиХ го растуриле.

најчитано сега