А зошто сега се не поевтинува кога значително се намалија цените на горивата?

Зголемувањето на цените на горивата на почетокот од минатата одина беше една од главните причини за зголмување на малопродажните цени на животните нмирници. Поскапе речи си се. Од прехрамбените производи, преку производите за одржување на личната хигиена па се до облеката.
Според државниот завод за статистика, во ноември и декември малопродажните цени на производите се намалени за 3,7% на месечно ниво. Треба да се има предвид дека во овој процент на намалување, најголема улога играа цените на домашниот пазар во групата енергија, кои се спуштиле за 9.6%.
Ова намалување е несрезмерно со намалувањето на цените на горивата во Македонија кои се спуштија за повеќе од 20%.
Експертите велат дека уделот на транспосртот во цената на прехрамбените производи е понизок од 3% што според нив значи дека поскапувањето на горивата на средина од минатата година, за производителите и трговците бил само изговор да се покачат цените на овие продукти.
Поскапувањето на горивата беше причина за посапување и на јавниот превоз но и цените на такси превозот и патарините.
Иако цените на нафтените деривати се намалија, малопродажните цени на осноните продукти за живот остануваат во најмала рака исти, а во некои случаи дури и повисоки.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега