Малолетнички од Србија нашле паричник со 1000 евра и го вратиле на сопственикот

13-годишните девојчиња Јелена Стојковиќ и Теодора Пејчиќ од Србија  пронашле паричник во кој имало 1.000 евра.

Девојчињата кога виделе дека  во паричникот има многу пари, веднаш заминале во полиција и го пријавиле изгубениот паричник. Со ова девојчињата докажале дека не е важно во кое време живеме бидејќи сеуште постојат хумани и чесни луѓе.

Девојчињата се од скромно семејство и изјавиле дека толкава сума на едно место прв пат виделе ,но тоа воопшто не им било важно туку само размислувале како да го вратат паричникот со пари на сопственикот.