Македонка тешко повредена во страотна сообраќајка во Србија

Вистински хорор се случи вчера во Србија. Десет луѓе се повредени, петмина потешко во верижен судар на автопатот Белград – Скопје во Грделичката клисура кај Предејане, а меѓу повредените има и дете како и македонската државјанка Велнтина Стефановска од Куманово. Македонската држајванка со тешки повреди е префрлена во болницата во Врање откако во нејзиниот автомобил удрило товарно возило по што настанал верижен судир.

Очевидци велат дека верижниот судар се случил меѓу камион кој доаѓал од правец на Лесковац, но свртел во спротивната страна на коловозот и удрил во комбе, па потоа во камион што превезувал трупци, се одбил и продолжил понатаму.

Детали за здраствената сотојба на Македонката се најавуваат за денеска. 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега