Али Ахмети повреден во сообраќајка - итно пренесен во болница

Али Ахмети доживеал сообраќајна несреќа, итно префрлен во тетовската болница.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети доживеал сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, објавија албанските медиуми.

Според неофицијалните информации на „Лајм“ несреќата се случила во близина на натплатната станица кај Гостивар, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил пренесен во тетовската болница.

Сеуште нема официјални информации за тоа како дошло до несреќата и за можните повреди на Ахмети.

Фотографиите погледнете ги тука

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега