Нови детали: Аудито на Ахмети се запалило по ударот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е полесно поврден, а неговиот возач потешко во сообраќајка што се случила утрово околу 10 часот и 10 минути на патот Тетово-Гостивар.

Според првичните информации, возачот на Аудито со скопски регистерски таблички, 40-годишниот Ш.И. од кичевско Зајас, изгубил контрола над возилото, по што удрил во бетонски столб. Од ударот автомобилот се запалил.

Од ДУИ за Плусинфо потврдуваат дека во несреќата повреден е лидерот на партијата Али Ахмети.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега