Националната грчка банка избегна национализација

Најголемата грчка банка – Националната банка на Грција, објави дека успеала да собере доволно капитал за да избегне национализација, а со тоа стана втората банка во Грција која успеа да ја исполни оваа цел.

 За да избегнат национализација, банките треба да соберат 10 отсто од неопходниот капитал од приватни инвеститори. Останатата сума ќе биде покриена од фондот за спас од меѓународнито заем. Од четирите главни банки во Грција, Алфа банка избегна национализација додека Јуробанк не успеа. Во тек е рекапитализација на Пиреос банк.

ФОТО: Лидер.мк

најчитано сега