Груевски на средба со Себастијан Курц

Премиерот Никола Груевски денес ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Себастиjан Курц.

Според најавите, средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.

Претходно австрискиот министер оствари средба со македонскиот колега Никола Попоски, на чија покана е во официјална посета во Македонија. Курц ќе оствари средба и со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Австрија годинава ќе биде домаќин на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, која се планира да се одржи во август, како продолжение на минатогодишниот состанок во Берлин.  

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега