ДУИ ги откри деталите: Како се случила сообраќајката во која е повреден Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети утрово доживеа сообраќајна несреќа, но без сериозни последици, велат од партијата.

-Господинот Ахмети, како и возачот на возилото, се во добра состојба и надвор од животна опасност, но се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово, поради лесните повреди со кои се здобиле. Судирот се случил кога возачот на возилото го надмина судирот со другите возила и се судрил со рампата, се вели во соопштението од ДУИ.

Како што велат од партијата на Ахмети, причина за несреќата е ниската видливост поради маглата.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега