Албанец приведен на „Деве баир“

Дваесет и шест годишен државјанин на Р. Албанија е приведен на граничниот премин „Деве баир“ на излез од Република Македонија.

По полноќ околу 2 часот и 15 минути на граничниот премин „Деве баир“ на излез од Република Македонија, од страна на полициски службеници поради сомнение за фалсификувана патна исправа приведен е 26-годишниот Ж.А. од Р. Албанија, затоа што при проверка во патничката исправа утврдено е дека недостасуваат страници, на кои претходно имало внесено забрана за влез во земји членки на ЕУ.

Истиот е предаден во полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега