ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи просветните работници за ситни партиски цели

Дегутантно и потценувачки е партијата што обезбедуваше нецели 200 евра плата за наставниците, денеска да зборува дека се грижела и се грижи за човековиот потенцијал. СДСМ е најпознатиот демагог во Македонија и нема морално право ниту кредибилитет да зборува за платите во образованието.

Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во писмената рекација на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ на која оцени дека наставниците ги бараат своите права преку штрајк поради „хаосот во образованието“.

- СДСМ единствено што денес прави е да ги користи просветните работници за ситни партиски цели, особено оние од општините под нивна власт, кои со денови се соочуваа со притисоци да штрајкуваат, само поради наредбата на централата на СДСМ од Скопје. Дали и колку пати ги покачија платати на наставниците и за колку проценти? Компаративно, ако во 2000 година најниската плата во образованието изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, сега тие износи се зголемени на околу 11.000, односно над 21.000 денари. Несериозно и крајно лиценерно е СДСМ да зборува за дигнитетот на наставниците. Тие сега говорат за социјален дијалог, а во времето кога беа на власт ги маргинализираа просветните работници и ги сметаа за граѓани од втор ред, се потенцира во рекацијата.

Единствен кој се нафати на социјален дијалог со просветарите, се потенцира, беше ВМРО-ДПМНЕ и како резултат на тоа е Колективниот договор со кој настана промена во исплатата на плати на вработените во образованието, односно на наставниците, чијашто плата наместо по степен на образование, веќе шестта година им се исплаќа по работно место и се спроведе трансформацијата на работниот однос на стотици вработените во образованието.

- Синдикатите учествуваа и даваа свои забелешки и мислења за сите досегашни измени на закони, за работните односи, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за европските работнички совети, на кои им претходеше опсежна анализа која се работеше заедно со социјалните партнери, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека СДСМ не изгради и не реконструира ниту едно училиште за време на нивното владеење.

 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега