Вугринец: Новите правила создаваат дополнителен хаос

Разочарување за начинот на кој го загубивме мечот со Хрватска, но и на критериумот на чешките судии владееше во македонскиот табор по завршувањето на средбата. Ренато Вугринец кој играше малку на овој натпревар , истакна дека целиот начин на кој се применуваат новите правила на IHF создава дополнителен хаос:

 

„Мислам дека 60 минути бевме во натпреварот. Не сакам да говорам за судискиот критериум и одлуките. Едноставно на ова првенство премногу директно се спроведуваат новите правила и тоа создава една дополнителна нервоза. Така е со големите селекции, едноставно во 5 минути можат да побегнат и тоа ни се случи и нам. Но мора да се „дигнеме„ за мечот со Австрија и да се обидеме да завршиме втори во групата, што би бил одличен резултат пред осминафиналето„ рече Ренато Вугринец по средбата. Теоретски постои шанса во осминафиналето да играме и со неговата поранешна репрезентација Словенија, која со денешната победа над Бразил во А групата скоро сигурно е трета во својата група.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега