Еден загинат во страотна сообраќајка - што се случувало во Скопје?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои седум се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица смрт. Истата се случила на крстосницата од ул. „Трета македонска бригада“ и „Коста Новаковиќ“ во која учествувало патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот изгубил контрола врз возилото и удрил во сообраќаен знак. Од страна на екипа на Брза помош констатирана е смрт, а од увидна екипа на СВР Скопје извршен е увид. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција со цел да се утврди причината за смрт, односно дали истата настапила пред да се случи или, пак, е последица од незгодата.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 15 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 61 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега