Вугринец не сака да игра против неговата Словенија

Десниот натурализиран македонски бек, Ренато Вугринец за разлика од повеќето наши ракометари кои ја посакуваат Словенија за противник во осминафиналето, смета дека балканскиот тим е полош противник од домаќинот Катар. Сепак, Вугринец вели дека ќе го даде максимумот за триумф над Австрија во петок, што најверојатно ќе значи дуел со Словенија.

-Патот до седмото место не е нималку лесен, а јас во осминафиналето не би сакал да играме против Словенија. Тоа е една многу сериозна репрезентација што го освои четвртото место на последниот мундијал и што исто така има големи амбиции за шампионатот во Катар. Сметам дека Катар е многу подобар противник за нас отколку Словенија, изјави Вугринец, пренесува ЕКИПА.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега