Борко Ристовски се огласи по поразот со Хрватска

„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски по поразот со Хрватска за Екипа.мк изјави дека не треба да владее паника потенцирајќи дека Македонија одигра квалитетна игра. 

- Ние влеговме во овој меч со една единствена цел, да се обидеме да ја добиеме Хрватска. Го отворивме натпреварот како што треба, во еден момент тие беа тотално немоќни во онаа игра „шест на шест“. Мислам дека добро се држевме, но и ние паднавме малку физички, па до израз дојде нивното искуство и квалитет. Хрватска е селекција што има минато многу повеќе од нас, не е срамота да се загуби од нив. Немаме време за тагување ниту за радување, нас не чека нов натпревар кој е многу поважен од овој, кој би ни го донел второто место на табелата. Сите видовте дека дадовме 100% од себе, правевме грешки, но сето тоа беше со најдобра можна намера. Ние го добивме на искуство мечот со БиХ, на ист начин го загубивме денешниот дуел со Хрватска и не гледам ништо трагично во тоа. Големите натпреварувања се големи токму поради пеколниот ритам, па затоа мораме да останеме сите заедно сконцентрирани на нашата цел, да одиграме поквалитетно против Австрија, а потоа и да славиме во осминафиналето. Да не се лажеме, ние не одигравме слаб меч, но против себе имавме навистина силен противник“ – изјави Борко Ристовски.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега