Штип: Се вратил во затвор по викенд-отсуство за да дила хероин

26-годишниот Д.С. од Виница си заработи кривична пријава постоење основи на сомнение за сторено кривично дел неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 21 јули 2014 година, во „Затвор Штип“ при извршен преглед над момчето пронајдени биле две пакувања хероин со тежина од 12,7 грама и 6,31 грам мешавина од кофеин и парацетамол кои ги набавил од лице од Скопје кога бил пуштен на викенд-отсуство од затворот.

 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега