Почина претседателот на Македонско лекарско друштво

По долго и тешко боледување, завчера во Скопје почина проф. д-р Јован Тофоски, претседател на Македонско лекарско друштво. Погребот на Тофоски е извршен вчера во кругот на семејството.

Проф. д-р Јован Тофоски е роден 1940 година. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршил во 1965 година, како најдобар студент од основањето на Медицинскиот факултет во Скопје.

По првото вработување во Институтот на медицина на трудот „Рудници и Железарница-Скопје”, од 1970 година работи во Гиниколошко-акушерската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што ја завршил и специјализацијата. Извесен период бил и директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Докторирал во 1985 година, а во 1997 година е избран за редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Проф. д-р Јован Тофоски беше автор или коавтор на над 130 стручно - научни трудови.

Проф. д-р Тофоски ја извршуваше и функцијата претседател на Црвениот крст на поранешна Југославија и експерт на Светската здравствена организација од областа на репродуктивното здравје.

Проф. д-р Тофоски беше министер за здравство во втората Влада по осамостојувањето на Република Македонија. Носител е на повеќе признанија, како и на највисокото, на Македонско лекарско друштво- повелбата „Трифун Пановски”.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 13:41
Фото: 
мој портал

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега