Миркуловски: Иако ни треба бод, сакаме со победа да го потврдиме второто место

Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски, пред малку на тренингот во Доха рече дека „црвено-жолтите“ одат на победа против Австријците за потврда на второто место во групата.

- Ќе се обидеме да постигнеме победа и да го освоиме второ место во групата, иако за такво нешто доволен ни е и нерешен резултат. Пред стартот на првенството, се претпоставуваше дека ова ќе биде дуел за второто место. Воедно, имавме време да ги увидиме грешките од дуелот со Хрватска и не смееме да им дозволиме на нашите противници да постигнуваат лесни голови, рече Миркуловски.

Околу состојбата со повредениот Ацо Јоноски, селекторот Ивица Обрван рече дека е проблематична и дека утре ќе донесе одлука околу составот.

Македонија утре од 17 часот против Австрија го игра дуелот кој одлучува кој ќе биде втор во Б групата на Светското првенство во Катар и со тоа за противник во осминафиналето би ја добил третопласираната селекција од А групата.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега