Мртов маж содве прострелни рани пронајден на автопатот Тетово - Гостивар

Безживотно тело на машко се уште неидентификувано лице попладенво околу 13 часот е пронајдено на автопатот Тетово - Гостивар, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, на безживотното тело констатирани се две прострелни рани и тоа една зад десното уво, а другата во пределот на стомакот.
Покрај телото кое било во канал со вода е пронајден и автомобил марка Рено Меган. Нема информации во какви околности настапила смртта.
Од полицијата за Press24 и официјално ја потврдуваат информацијата, но не откриваат повеќе детали

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега