Утврден идентитетот: Како починал мажот чие тело беше најдено на Тетово - Гостивар

Безживотно тело на машко лице попладенво околу 13 часот е пронајдено на автопатот Тетово - Гостивар, дознава Сителод полициски извори. Според информациите, на безживотното тело констатирани се две прострелни рани и тоа една зад десното уво, а другата во пределот на стомакот. Телото било пронајдено во канал со вода а покрај него бил пронајден автомобил марка Рено Меган

Неофицијално станува збор за 56 годишниот Рефет Кадрија, кој во вторникот бил пријавен за исчезнат. Покрај неговото тело бил пронајден и пиштол.

 

Од полицијата за Сител и официјално ја потврдуваат информацијата, но не откриваат повеќе детали. Велат дека по истрагата ќе се знае во какви околности настапила смртта кај Кадрија

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега