Детали за апсењето на скопска Гинекологија: Барале 20.000 денари за да ја породат жена му

Две лица вработени во скопска Гинекологија се приведени по сомнение за примање поткуп од 20.000 денари, јави Сител. Според информациите кои ги објави телевизијата, револтиран граѓанин пријавил дека осомничените барале мито од 20.000 денари за да ја породат неговата сопруга со царски рез.
Случајот бил пријавен во Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, по што, нивни екипи веднаш излегле на терен и ги привеле осомничените.
Информацијта ја потврди и Министерството за здравство и полицијата

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега