ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да го политизира загадувањето на воздухот

СДСМ во недостаток на теми секоја година ги повторува истите прес-конференции за загаденоста на воздухот и шири паника меѓу граѓаните. Несериозно е да се излегува на прес-конференција и со неколку општи реченици да вели дека нудат предлози за спас од загадувањето наспроти системските мерки кои веќе се превземаат од Владата и градот Скопје, се вели во реакцијат на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Пеце Мирчевски од СДСМ. 

- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своите надлежности и овластувања како и градот Скопје превземаат активни мерки за намалување на загаденоста. Во Град Скопје во последните пет години се засадени преку 60.000 нови садници и таков бран на озеленување не се случил во последните 40 години. Се изградија нови паркови и се издвојуваат средства за одржување на постојните. Прв пат од формирањето на претпријатието се набави комплетно нов возен парк на ЈСП за што се купија 313 нови автобуси кои ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди. Се изградија и проширија булеварите Илинден, Србија, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов, Климент Охридски, Трета Македонска Бригада и уште голем број други улици, се вели во соопштението.

Со увозот на половни возила во Македонија, пак, се додава, се подобри и поднови возниот парк и се заменија возилата стари по 20-25 години години кои беа без еколошки стандарди. Се пропиша обрска секој индустриски капацитет да има своја филтер станица за прочистување на воздухот и дополнително се работи на гасификација на Скопје и Република Македонија што активно ќе придонесе за значително намалување на загаденоста на воздухот.

- СДСМ треба да престане да политизира се во оваа држава, па и загадувањето на воздухот, стои  во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега