Пронајдено безживотно тело на старица во Неготино

На кејот на Тимјаничка река во Неготино денеска е пронајдена мртва старица, родена 1924 година, информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Старицата претходно на 21. јануари била пријавена во неготинската полиција како исчезната.        

- Станува збор за старицата Ц.В. од неготинското село Вешје. По овластување на Јавен обвинител увид на лице место изврши екипа на полициска станица Неготино. Телото е прегледано од страна на медицинско лице и не се забележани траги на насилство, соопшти Стојковска.

Телото е предадено на семејството по наредба на обвинител.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега