Четврта победа на Германија за пласман во осминафиналето на СП во Катар

Репрезентацијата на Германија продолжува со максималниот учинок на Светското ракометно првенство во Катар. 
 
Германците до четвртата победа во исто толку одиграни средби стигнаа во дуелот против Аргентина која ја совладаа со 28:23. Со овој триумф Германците кои на Мундијалот дојдоа како замена за Австралија, која го откажа своето учество, на коло пред крајот на групната фаза обезбедија  пласман во осминафиналето.
 
Ова беше натпревар од 4.коло во Д групата, во која попладнево се одигра и средбата Полска - Саудиска Арабија 32:13. Во последниот меч од оваа конкуренција вечерва ќе играат Русија и Данска.
 
Во групата Е досега се одигра само еден натпревар, во кој Шведска и Египет одиграа без победник 25:25. Со нерешениот резултат Египет им се приклучи на Швеѓаните и Французите кои веќе имаат обезбедено пласман во осминафиналето.
 
Преостанатите два натпревари ќе се играат вечерва, а во нив се среќаваат, Исланд – Чешка и Алжир – Франција.
 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега