Кинеска делегација импресионирана од Охрид, заинтересирани за инвестиции и соработка

На денешната официјална средба, градоначалникот Никола Бакрачески доби покана од високата кинеска делегација предводена од Динт Хаи Бин- заменик градоначалник на градот Нингбо, Охрид бесплатно да се презентира на големиот саем кој во овој град  ќе се одржи од 9 до 12 јуни годинава.

Саемот е наменет за земјите од Југоисточна Европа и е резултат на договореното на Самитот на Кина со претставници на земјите од овој дел на Европа, што се одржа на крајот на минатата година во Белград, Република Србија.

-Со гостите од Нингбо разменивме мислења за воспоставување поконкретна соработка во областа на туризмот, особено медицинскиот,економскиот развој и културата, бидејќи двата града имаат огромно културно богатство. Во таа смисла договорена е соработка со фестивалот „Охридско лето“ и наша делегација со претставници од повеќе институции да престојуваат во Кина и за да се конкретизираат наредните активности, истакна градоначалникот Бакрачески.

Заменик градоначалникот на градот Нингбо, кој заедно со околината, важи за едно од економски најбрзо растечките региони во Кина, рече дека имаат огромни искуства за брз развој кои сакаат да ги споделат, особено со Охрид.

-Импресиониран сум од природните и културните убавини на Охрид и искрено се надевам дека имаме многу заеднички нешта кои ќе бидат основа за идната соработка. На почетокот може да се размислува за инвестиции, обуки, размена на студенти и професори и културни програми, подвлече Хаи Бин.

На средбата, градоначалникот Бакрачески ги презентира позитивните искуства во соработката со збратимениот град Далијан од Кина и истакна дека слично ќе биде и во соработката со Нингбо.    

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега