Мојсо: Да не им дозволиме на Австријците да се разиграат

Наумче Мојсовски вели дека нашиот денешен противник е најопасен од контри, кои мора да се спречат.

 

Македонскиот репрезентативен бек воедно потенцира дека доколку сакаме да го добиеме овој натпревар, ќе мора Австријците да ги задржиме под 25 постигнати голови.

 

-Селекцијата на Австрија сака да се надигрува, нема осцилации и е доста се стабилна репрезентација. Најсилно оружје им се контрите, но шутираат од сите позиции. Добро се познаваме и тие сигурно не анализираат, како и ние нив. Треба да ги задржиме на некои 25 гола, што ќе ги направи нервозни, бидејќи се навикнати да постигнуваат многу голови, вели Мојсовски.

Инаку, според последните информации, состојбата на Јоновски е многу подобра и тој сепак ќе биде во комбинација за средбата со Австрија.

 

Натпреварот започнува во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега