Георгиевски: Ги знаеме сите слабости на Австријците

Македонија денеска против Австрија со победа, или со нерешен резултат ќе го задржи второто место во групата.

 

Нашите ракометари најавуваат беспоштедна битка на теренот, во која нема да калкулираат, односно ќе одат на победа, иако и со реми ќе биде осигурано второто место.

 

Според Гоце Георгиевски, Австрија е незгоден противник, но сепак очекува со победа да се потврди второто место.

-Мечот со Хрватска е зад нас и не е срамота што изгубивме од репрезентација која ќе се бори за медалите. Не очекува средба со селекцијата на Австрија, која и исто така тежок противник. Ја анализираме нивната игра, ги бараме нивните грешки и се надеваме дека правилно ќе ги искористиме. Добро ја познаваме Австрија, сме имале неколку натпревари и мислам дека имаме добра можност за добар резултат, вели Георгиевски.

 

Натпреварот се игра денеска со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега