Лазаров: Македонија е многу подобра од Австрија

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров вели дека ја прифаќа фаворитската улога на денешниот меч, потенцирајќи дека Македонија е многу подобра од Австрија.

-Немаме ниту една причина да бидеме со наведнати глави, напротив, имаме одличен резултат од три победи и еден пораз, резултат кој во Доха го остварија само мал број на репрезентации. Од селекцијата на Австрија сме многу подобри и нема зошто да бегаме од улогата на фаворит. Уште повеќе, посакувам и победа со поголема разлика и со четврта победа да го освоиме второто место. Мал хендикеп е повредата на Јоновски, кој е столб во нашата одбрана. Но, познавајќи го Јоновски, знам дека тој ќе стисне заби и ќе ни помогне, вели Кире Лазаров.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега