Европската радиодифузна унија: Грчката Влада да ја преиспита одлуката за затварањето на ЕРТ

Европската радиодифузна унија поднесе барање до грчката Влада „да ја преиспита одлуката“ за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ и повторно да го обнови нејзиниот сигнал, изјави претставникот на унијата Жан-Пол Филипо на прес конференција во седиштето на ЕРТ во Атина.

- Во писмото што денеска напладне го доставивме до грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, бараме од Владата да ја преиспита својата одлука за затворање на ЕРТ, брутално донесена во вторникот вечерта, како и да биде обновен сигналот, изјави Филипо. 

Претставникот на Европската радиодифузна унија, Жан-Пол Филипо пристигна во Атина за поддршка на грчката државна радио и телевизија ЕРТ.

најчитано сега