Ако не ми дадеш 5.000 евра ќе гниеш во затвор - што направила охриѓанка?

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишната К.К. од Охрид.  На 23 декември минатата година, охриѓанката, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила СМС пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да извлече 5000 евра. Бидејќи А.Т. се наоѓал во притвор, таа преку порака барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т. и да му земе 5000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него, соопштуваат од полицијата.

Пријавената барала 3000 евра да и бидат веднаш исплатени а 2000 евра на почеток на  новата 2015 година. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега