Ќе се гради нова улица во општина Аеродром

Општина Аеродром во својата програма има предвидено изградба на комунална инфраструктура на улица „Анастас Митрев“ 3 во населбата Мичурин.

Станува збор за проект кој опфаќа изградба на нова улица што ќе ги поврзува улиците „Венијамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“, со вкупна должина од околу 200 метри и 6 метри широчина, согласно Деталниот урбанистички план, како и изведба на тротоари со ширина од по 1,5 метар од двете страни на улицата.

Со изградбата на комуналната инфраструктура во оваа населба, општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните улици, како и изградба на нови улици на нејзина територија.

 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега