Три млади момчиња направија голем грев

 

СВР Штип расветли 14 кривични дела  „тешка кражба” и три кривични дела „тешка кражба во обид” сторени од цркви во период од 13.10.2014 година до 20.01.2015 година.

Од 14-те кражби, три тешки кражби се сторени на подрачјето на општина Виница, 10 тешки кражби и три тешки кражби во обид на подрачјето на општина Кочани и една тешка кражба на подрачјето на општина Македонска Каменица.

По преземените мерки и активности постојат основи на сомнение дека сторители на тешки кражби од цркви на подрачјето на Полициската станица во Виница се З.Д.(24) од виничкото село Лаки, Д.Г.(28) од беровското село Митрашинци и Х.И.(22) од делчевското село Дулица.

На подрачјето на Полициската станица во Кочани, З.Д. сторил девет тешки кражби и три тешки кражби во обид од цркви, а една тешка кражба од црква заедно со Д.Г.

На подрачјето на Полициското одделение во Македонска Каменица З.Д. извршил исто така една „тешка кражба” од црква. По целосно комплетирање на кривично правниот настан ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега